ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА УФЦ 257: Порие спектакуларно го НОКАУТИРА МекГрегор!

Големо изненадување се случи  на УФЦ 257 во кое Дастин Порие се одмазди за поразот од пред шест години и н спектакуларен начин го победи Конор МекГрегор.

Американецот успеа да ја „умртви“ ногата на својот ривал и го нокаутира во втората рунда. Ирецот имаше свои моменти во првата рунда откако се извлече од подот и со неколку удари ја доби рундата, арно ама неговите најдобри удари не му направија голема штета на противникот.

Во втората рунда Порие изненади со еден десен директ, по кој следеше серија на удари од кои МекГрегор не можеше да продолжи. Ирецот иако го загуби мечот и беше нокаутиран, сепак, стана и спортски без тензии му честита на ривалот за триумфот.

Ирскиот борач го запиша вториот пораз во лесна категорија, по оној од Хабиб Нурмагомедов пред три години.

Ова е тежок удар за МекГрегор, кој посакуваше со победа да го најави реваншот со Хабиб. Сега ќе мора да направи уште неколку чекори, доколку сака да се врати во конкуренција за шампионскиот појас. 

Порие сега е кандидат број еден за второ соочување со рускиот шампион, ако тој одлучи да се врати во октагонот.