• Мартин Танасковски
Борачот Чермен Валиев испиша историја за албанскиот спорт, откако на својата земја и го донесе првиот медал на Олимписките игри. Чермен Валиев е име кое ќе се слави во Албанија. 25-годишниот ја освои бронзата на Олимпијадата во Париз, прва во историјата за земјата.
Валиев имаше многу добар турнир, а на крајот стигна до бронзениот медал во борење слободен стил. Противник му беше репрезентативецот на Таџикистан Виктор Расадин. На крајот албанскиот натпреварувач победи со 6-2.
Валиев од оваа година ја претставува Албанија, а претходно со години се бореше за Русија бидејќи е роден во Северна Осетија.
Узбекистанецот Разамбек Саламбекович Џамалов го освои златото во категоријата до 74 килограми, среброто го освои Јапонецот Даичи Такатани, а бронзата заедно со Валиев ја освои Американецот Кајл Даглас Дејк.