Фезулаху и Шаќири ја претставуваат Македонија на Светските номадски игри во Киргистан

Федерацијата за традиционално борење на Македонија ќе ја претставува нашата земја на Светските номадски игри, кои се одржуваат во Бишкек, Киргистан, од 31 август до 7 септември.

Делегацијата ја предводи Фарук Реџепи, како раководител на делегацијата, со натпреврувачите Увејс Фејзулаху (+100 кг) и Дилавер Шаќири (60 кг).

„Нашата федерација е особено горда и почестена што е дел од овој значаен светски настан, претставувајќи ги спортот, традицијата и културното наследство на нашата земја на меѓународната сцена“, истакнуваат од ФТБСМ.

На овој голем светски настан учествуваат повеќе од 4.000 спортисти од околу 100 земји, во 45 традиционални спортски дисциплини.