Фергусон: Ќе направам Хабиб да мокри крв, веќе сум го претепал

Тони Фергусон ќе биде следен противник на Хабиб Нурмагомедов во рамки на УФЦ. Американецот непосредно пред борбата испрати провокација до ривалот и посочи дека веќе го претепал и дека по борбата ривалот ќе мокри крв.

„Сите сакаат да бидат гангстери или нешто слично. Хабиб, мораш да ми го потврдиш тоа, лице в лице. Тој не е вистински противник, веќе сум го претепал. Се појавив на УФЦ 209 го направив тоа. Јас сум во неговата глава. Тој ќе мора да тренира многу. Ќе биде нервозен, сигурно ќе направи грешка. Ќе го забележам тоа и ќе го фатам. Ќе направам да мокри крв“, изјави Фергусон.

Фергусон и Нурмагомедов влегуваат во октагонот во април 2020 година. Овие двајца ривали немаа среќа претходно да се соочат, па во неколку наврати борбата беше откажувана во последен момент.

Русинот е голем фаворит со оглед на непоразеноста во ММА кариерата, но Американецот во минатото покажал дека е незгоден противник и човек се невообичаен и чуден стил на борење.