Фахик Весели донесе бронза од Балканското првенство во карате во Пореч

Фахик Весели освои бронзен медал во категоријата до 60 килограми за сениори на вториот ден од Балканското првенство што се одржува во Пореч, Хрватска. Фахик се закити со бронзен медал откако во првото коло го совлада Кристијан Лацковиќ од Хрватска со 2-0, во второто коло го совлада Србинот Милош Радојевиќ со 3-1, додека во третото коло по претходно водство сепак на крајот изгуби од Словенецот Тамсе Никлас со 3-5.

Во репасажот извојува две победи, најпрво против Адел Карахасановиќ од БиХ со 6-2, а потоа и против Матија Бојиќ од Црна Гора со 4-1.

Останатите наши претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали. Освоени се три петти места за Александар Неделковски во кати, Јована Георгиева и Симона Симовска во борби.

Едно седмо место за Сара Радичевска како и две деветти места за Жарко Арсовски и Ангела Мојсовска.