Две злата и две сребра за македонските кик-боксери на јуниорскиот Мундијал

Македонската Кик-бокс МаиТаи федерација предводена од претседателот на Дејан Митровски Урко од Светското јуниорско ВАКО првенство во Унгарија се враќа со две злата и едно сребро.

Злато освои Марија Димовска во категоријата до 60 килограми помлад јуниор лоу-кик. Таа во полуфиналето Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина и во финале беше подобра од Мија Лијамицев од Израел.

Светски првак е и Силвио Мировски во дисциплината постар јуниор до 71 килограм лоу-кик во квалификации го победи Мехмет Таха од Турција, во полуфиналето беше подобар од Атанас Димов од Бугарија со прекин истотака во прва рунда, и во финалето го победи Бородати Иван од Украина.

Сребро освоија Лука Змејкоски и Максим Митровски. Сите натпреварувачи покажаа одлична борба и техника се работи за јуниори млади натпреварувачи за кој спортската кариера допрво доаѓа. 

Судијката Елена Костадиновска се стекна со лиценца за меѓународен А класа судија.