Бројна кик-бокс репрезентација ќе настапи на Светското првенство во Италија

Стручниот штаб на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ) го комплетираше составот на македонската јуниорска репрезентација која ќе настапи на претстојното ВАКО Светско првенство во кик бокс, кое од 18 до 26 септември 2026 година ќе се одржи во Лидо ди Јесоло, Италија.

Во составот се осумнаесет натпреварувачи и три тренери, што ја прават најбројната македонска јуниорска репрезентација која досега за Македонија настапила на официјално Светско првенство.

Состав на македонската јуниорска репрезентација:
Тренери:

Дејан Митровски – Урко
Драган Атанасовски
Александар Димовски

Натпреварувачи:
Томи Андонов
Давид Атанасовски
Калин Бабовски
Марко Башнарков
Адријано Димишковски
Марија Димовска
Драгица Глигорова
Петар Илковски
Димитар Јачев
Иван Кукуновски
Петар Лозановски
Милан Нешевски
Глигопр Николов
Драган Пандев
Андреј Смилевски
Антонија Тасева
Исмаил Туркер
Сергеј Ушлиновски

Македонската репрезентација веќе ги започна заедничките подготовки, а тренинзите ќе продолжат во континуитет до заминувањето за Италија на 18 септември.