Британците во шок: Македонка ѝ го згасна сонот на Џонс за трето олимписко злато!

Милјана Рељиќ поладнево имаше свое деби на Летните олимписки игри и забележа историска победа над една од најдобрите теквондиски во светот. 

Џејд Џонс од Велика Британија очекуваше лесен триумф над нашата натпреварувачка, но на душекот во Париз се случи спротивното и младата Македонка ѝ го згасна сонот на големата шампионка за трето олимписко злато. Рељиќ славеше со 2-1 во рунди. 

Британските медиуми во шок ја дочекаа информацијата дека нивната претставничка загуби од 21-годишната теквондиска од Македонија. Еве дел од реакциите на британските медиуми.

Со оваа победа Рељиќ обезбеди четвртфинале и ја чека борба против Летиција Ајуд од Либан и тоа во 15.45 часот.