Овој викенд во Скопје ќе се одржи Европскиот јуниорски Куп во џудо, еден од најзначајните меѓународни настани за млади џудисти. Настанот ќе се одржи спортската сала „Јане Сандански“
Урош Медиќ ја оправда улогата на главна ѕвезда на првиот УФЦ настан во Белград, откако со експресен нокаут за само 30 секунди го совлада Американецот Даниел Родригез и приреди вистинска еуфорија кај домашната публика.
Македонија слави уште еден медал од боречките спортови. Младата џудистка, Ива Богдановска го освои златниот медал во категорија до 63 килограми на Балканското првенство за сениори кое викендов се оддржува во Тирана.
„Нашите идни шампиони“ продолжува со нова серија приказни за младите спортисти кои ја градат иднината на македонскиот спорт. Powerade и Gol.mk повторно им даваат простор на оние кои допрва треба да го кажат своето име на големата сцена.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, организираше прием за штипскиот каратист Марко Џорлев, кој освои златен медал на престижната Карате 1 Младинска лига, одржана во Пореч, Хрватска, во категоријата до 63 килограми.
Долгоочекуваното враќање на Конор Мекгрегор во УФЦ заврши на најлош можен начин. Ирецот го предаде главниот меч на УФЦ 329 во Лас Вегас против Макс Холовеј уште во првата рунда, откако заработи повреда на десното колено.
Љубителите на ММА со нетрпение го очекуваат УФЦ 329, каде што во главната борба ќе се сретнат две од најголемите имиња во историјата на организацијата, Конор Мекгрегор и Макс Холовеј. Повеќе од 13 години по нивниот прв меѓусебен дуел, Ирецот и Хаваецот повторно ќе ги вкрстат ракавиците во реванш кој го привлекува вниманието на целата ММА јавност.
Младата македонска каратистка Софија Топалоска освои златен медал на престижното AAU Karate National Championships 2026, кое се одржува од 29 јуни до 4 јули во Конгресниот центар Broward County Convention Center во Форт Лодердејл, Флорида, САД.
Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман.
Македонскиот каратист Марко Џорлев го освои златниот медал на Карате 1 Младинската лига во Пореч, Хравтска. Каратистот на КК Штип во финалето до 63 килограми во кадетска конкуренција злавеше против Украинецот Иван Маценко 4-3.
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари голем успех на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен, освојувајќи го златниот медал во кадетска конкуренција до 51 килограми.
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција ги прими машката и женската кадетска училишна ракометна репрезентација, кои освоија медали на Светското училишно ракометно првенство што се одржа во Скопје.
Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.
Илија Топурија повеќе не е непоразен борец. По 17 последователни победи, шпанско-грузискиот ММА борец го доживеа првиот пораз во својата професионална кариера, откако загуби од Џастин Гејџи во борбата за титулата во лесна категорија.
Репрезентативецот на Македонија, Вукашин Јовановиќ (-67 кг.). оствари историски успех, освојувајќи златен медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион.