Македонските кадетски репрезентативци во бокс, браќата Илхан и Ајхан Озмен победија на денешните борби на Националниот Куп во Врбас и обезбедија место во полуфиналето.
Реванш мечот за титулите во тешка категорија во бокс помеѓу Мексиканецот Енди Руиз Јуниор и Ентони Џошуа веќе има прецизен термин. Двајцата боксери ќе излезат во рингот во Саудиска Арабија на 7 декември.
Тројца македонски боксери ќе настапат на третиот Јуниорски национален Куп во српскиот град Врбас. Боите на нашата земја ќе ги бранат Илхан и Ајхан Озмен, член на БК Универзалци и Адријан Аземи од БК Шкупи.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури го дозна името на својот следен противник. Контроверзниот Британец на 14 септември во Лас Вегас ќе се соочи во рингот со шведскиот боксер Ото Валин.
Дионтеј Вајлдер јавно најави дека ќе го нокаутира Тајсон Фјури на брз и спектакуларен начин во реванч мечот најавен на почетокот на 2020 година. Првата борба заврши нерешено, беше исклучително драматичен дуел и ниту еден од боксерите целосно не доминираше.
Поранешниот светски шампион во бокс во велтер категорија, Карлос Балдомир е осуден на 18 години затвор заради сексуално злоставување на својата осумгодишната ќерка.
Благородната вештина загуби еден од неговите најголеми шампиони. Пернел Витакер, олимписки првак и поранешен светски шампион во три категории, убиен е во недела навечер, откако е удрен од возило додека поминувал на раскрсница.
Од денес до 27 јули во Охрид ќе се подготвуваат македонските кандидати за Европското првенство во бокс за ученици Петар Арсовски, Марио Ефремов и Марија Мацеска.
Фросина Манева, македонската бокс судијка машки издржа залутан удар во рингот.
Таа беше дел од Меѓународен боксерски турнир „Војводинска ракавица“ во Суботица, Србија, а при една борба се најде во необична ситуација.
Македонската јуниорска боксерска репрезентација ќе настапи со тројца боксери на престижниот меѓународен турнир „Војвоѓанска ракавица“ кој започнува в четврток и ќе трае до в недела.
Култниот украински боксер Владимир Кличко имаше бурни денови за време на својот одмор во Мајорка. Боксерот со своето семејство и пријателите доживеал голема драма. Кличко бил на забава, кога бродот се запалил.
Викендов во Прилеп се одржа професионална бокс ревија во организација на Про Бокс Македонија и бокс мајсторот од Прилеп, Дарко Чатлески. Под отворено небо се одржаа неколку борби кои привлекоа голем број на љубители на благородната вештина.
„Циганскиот крал“ како што се нарекува Тајсон Фјури се врати во рингот со спектакуларна борба и победа. Ноќва во Лас Вегас, Фјури извојува триумф против германскиот боксер Том Шварц со технички нокаут во втората рунда.
Контроверзниот британски боксер Тајсон Фјури се подготвува за својата трета борба во САД. Британецот овој викенд ќе се сретне со непоразениот Германец Том Шварц. Ривалот на Фјури има биланс од 24 победи, од кои 17 со нокаут и ниту еден пораз.
Боксерската репрезентација на Македонија во возрасната категорија деца, боксери родени 2005 и 2006 година , ќе настапи на Меморијалниот меѓународен турнир „А. Климанов“ во Харков.
Денес во Битола се одржа третото коло од Првата и младинска лига во бокс. Пред повеќе од 1.000 љубители на боксот, најдоброто од Македонија понуди 15 борби во сите возрасни и тежински категории.