Младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва, денес гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов. На средбата присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб Шкупи од Скопје.