Некогашниот американски боксер, 52-годишниот Дерик Џеферсон падна во кома, откако беше констатирано дека е заразен со коронавирус, пренесуваат американските медиуми. Неговиот син Џебри Џеферсон на локалните медиуми им ја пренесе веста за здравствената состојба на неговиот татко.