Легендарниот боксер и најдобар спортист на сите времиња Мухамед Али, кој почина вчера наутро на 74-годишна возраст во клиника во Аризона, ќе биде погребан в петок во неговиот роден град Луисвил.
На погребот ќе може да присуствуваат сите што сакаат да му оддадат последна почит а истиот ќе биде пренесуван и на американските телевизии и на интернет. Свечен говор ќе одржат поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, актерот Били Кристал и спортскиот коментатор, Брајант Гамбел.
Трикратниот светски шампион и освојувач на златен медал на Олимписките Игри во Рим во 1960 година по 31-годишна борба со Паркинсоновата болест заради септички шок.