Тајсон Фјури го одбрани трофејот светски првак во тешка категорија, откако славеше во спектаклот против Дилијан Вајт. Британскиот боксер во шестата рунда со нокаут до победи противникот и покажа дека е најдобриот тешкаш на планетата.
Британскиот боксер Тајсон Фјури ја одбрани ВБЦ-титулата во тешка категорија пред 94.000 навивачи на стадионот „Вембли“ и го совлада сонародникот Дилијан Вајт.
Петар Арсовски забележа голема победа над Велис Антонио Ремус од Грција и обезбеди медал на Европското младинско првенство во бокс во Софија, Бугарија.
Иако има повеќе од месец и половина до мечот за ВБЦ титулата во супертешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт, психолошките игри веќе започнаа.
Новата година во регионалната лига во бокс започна негативно за македонскиот претставник. Боксерите на скопски Вардар претрпеа висок пораз од 18-2 на синоќешното гостување во Лозница во рамки на петтото коло во групата А од регионалната лига.
Кубанецот Луис Ортиз го нокаутира Чарлс Мартин и стана прв предизвикувач за ИБФ титулата во тешка категорија. Иако двапати стануваше од нокдаун, ветеранот Ортиз покажа големина и победи на величенствен начин.
Тајсон Фјури ја доби третата борба против Деонтеј Вајлдер, а би можел да се врати во рингот во март 2022 година. Британскиот шампион има понуда на маса да се соочи со Енди Руиз јуниор или Роберт Хелениус.
Боксерите на Вардар имаа одличен настап пред својата публика и во рамките од четвртото коло од групата А на регионалната лига во бокс, запишаа убедлива победа над Железничар од Босна и Херцеговина, со резултат 14-6.
Во организација на Националната боксерска федерација, а со помош на Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје, годинава ќе се одржи јубијелното педесетто издание на традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг“ 2021.
Трагедија се случи во боксерски ринг во Зимбабве. 23-годишниот боксер Таураи Зимуња починал како последици од повреди за време на борбата. Во мечот во супербантам категорија со серија жестоки удари во главата противникот го турнал Зимуња во самиот агол од рингот, а судијата не ја прекинал тепачката. Пет дена Таураи бил во кома, а денес ја загуби битката за живот.
Македонскиот боксер, Арсим Етеми, член на БК Алексо Огненовски од Охрид, како дел репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Белград, достојно ги бранеше националните бои во двобојот од второто коло со Молдавецот Андреи Чириаков.
Македонските боксери денес ги добија противниците на Светското првенство во бокс кое синоќа беше отворено во Белград. Јасин Лама ќе дебитира Фабио Росели на 27 октомври, додека Арсим Етеми во првото коло е слободен, а во второто силите ќе ги одмери со Андреј Кирјаков од Молдавија на 30 октомври.