Големата бокс-манифестација во нашата земја, „Златен гонг“ го имаше своето отворање, по 47. пат во историјата. На овој настан учество земаа шест земји, но Македонија го нема како адут бранителот на тронот, Гоце Јанески, кој е повреден и нема да го брани освоеното злато оваа година. Новите победници ќе бидат прогласени утре (сабота) од 11 часот. кога се закажани финалните борби.