Македонска репрезентација во бокс состав, Хесус Сојет (селектор) и репрезентативците, Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми од вчера се наоѓаат во Белград, каде ќе се подготвуваат за настап на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон.
Синоќа се одржа изборно собрание на Боксерската федерација на Македонија, на кое досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата во следните четири години.
Дионтеј Вајлдер пред два дена го претрпе својот прв пораз во професионалната боксерска кариера, откако во спектаклот во Лас Вегас загуби од големиот ривал Тајсон Фјури и остана без шампионскиот појас од ВБЦ катагоријата.
Тајсон Фјури ја освои светската шампионска титула во ВБЦ категоријата, откако со технички нокаут во седмата рунда славеше над бранителот на титулата, Деонтеј Вајлдер.
По пет години доминација, конечно падна Деонтеј Вајлдер се најде на подот од боксерскиот ринг и шампионската титула во ВБЦ категоријата им ја препушти на фантастичниот Тајсон Фјури.
Линеарниот светски шампион во супертешка категорија стана и првак во ВБЦ. Тајсон Фјури на спектакуларен начин, со технички нокаут во седмата рунда, го совлада големиот ривал Дионтеј Вајлдер и повторно го одушеви боксерскиот свет.
Тајсон Фјури ја освои титулата светски шампион во ВБЦ категорија, откако на синоќешниот спектакл во Лос Анџелес со технички нокаут во седмата рунда славеше голема победа над досегашниот шампион, Дионтеј Вајлдер.
Реваншот меѓу Тајсон Фјури и Деотај Вајлдер за титулата светски првак во тешка категорија во бокс ќе се одржи во ноќта меѓу сабота и недела со почеток во 03:00 часот по полноќ.
Преостануваат уште два дена до долгоочекуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер. Сабота по полноќ сите очи ќе бидат вперени кон Лос Анџелес, за каде е закажан бокс спектаклот меѓу двата шампиони, а истиот може да биде историски за американскиот боксер.
Ако може да се заклучи по најавите, овој викенд ќе бидеме сведоци на историска бокс пресметка. Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури беа блиску до физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас пред меѓусебната борба во ноќта меѓу сабота и недела.
Еден од најдобрите боксери на денешницата, Тајсон Фјури веќе подолг период е во центарот на вниманието кај боксерската јавност. Причината за тоа е неговиот следен дуел против Дионтеј Вајлдер, ривал против кого ќе се сретне овој викенд во борбата за светската титула во тешка категорија.
Главниот град на Србија, Белград доби големо признание и уште една светска манифестација на која ќе биде домаќин. Следното сениорско првенство во бокс ќе се одржи токму во Србија во 2021 година.
Еден од најдобрите боксери на сите времиња, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко најви дека размислува да се врати во рингот за меч од професионалниот ринг.
Најдобрите македонски боксери Јасин Лама и Гоце Јанески ќе учествуваат на квалификациските турнири во Париз и во Лондон за место на Олимписките игри во Токио оваа година. Оваа одлука ја верифицираше Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија на денешната седница.
Вчера во Берово се одржа вториот ден од Мастерс викендот во пинг-понг за кадети во категориите за играчи до 12 и до 15 години. Ако на мастерсот во категоријата до 12 години фаворитите ги освоија првите места, кај повозрасните играчи во машка категорија имаше изненадувања.
Еден од најдобрите боксери на денешницата, светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер за американските медиуми призна дека имал период кога бил „на дното“ и размислувал за самоубиство. Кога на неговата ќерка ѝ била дијагностицирана „спина бифида“, боксерот минувал низ тешки моменти.
Единствениот македонски боксер на Интернационалниот турнир „Странџа“ во Софија, Јасин Лама загуби со судиска одлука од норвешкиот репрезентативец Мартин Скогхејм во категоријата до 63 килограми.