Еден од најголемите боксери во историјата на Италија, Анџело Ротоли, ја загуби најважната битка во својот живот и синоќа почина на 61-годишна возраст, пишуваат италијанските медиуми.
Некогашниот американски боксер, 52-годишниот Дерик Џеферсон падна во кома, откако беше констатирано дека е заразен со коронавирус, пренесуваат американските медиуми. Неговиот син Џебри Џеферсон на локалните медиуми им ја пренесе веста за здравствената состојба на неговиот татко.
Гоце Јанески и Јасин Љама се двајцата репрезентативци кои поради ситуацијата со Ковид-19 останаа во Лондон, каде се одржуваше првиот квалификациски турнир во бокс за Олимписките игри во Токио. Од нашата репрезентација по само два дена натпреварување, итно беше побарано македонската репрезентација да се врати дома откако организаторите на турнирот оценија дека поради kоронавирусот квалификациите треба да завршат со прекин.
Четири пати се откажуваше борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, па фановите се згрозени од можноста истата одново да биде одложена. Овојпат причината нема да се бара меѓу нив двајца, туку во коронавирусот, кој полека се шири низ целиот свет.
Македонските спортисти кои професионално се натпреваруваат ширум Европа се соочуваат со непредвиден проблем. Репрезентативците во бокс се симанти од авионот кој требаше да ги врати во Македонија по прекинувањето на Европските квалификации за Олимписките игри во Токио во Лондон.
Многумина го гледаат Мајк Тајсон како најдобриот боксер на сите времиња. Иако за тоа место има голема конкуренција, сепак неговата доминација кога беше во најдобра форма во кариерата го прави еден од најголемите светски шампиони во историјата.
Македонија веројатно ќе нема претставници во бокс на Летните Олимписки Игри во Токио, откако двајцата наши претставници во Олимписките квалификации загубија полесно од предвиденото.
Првата македонска надеж не успеа да се избори за место на олимпискиот боксерски турнир, Овогодишниот победник на „Златниот гонг“ Јасин Љама загуби од Гркот Александрос Цаникидис во категоријата до 63 килограми на европските квалификации за Олимписките игри во Токио, кои се одржуваат во Лондон.
На повидок е голем скандал во светот на боксот. Британскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури е обвинет за прикривање на допинг тестот пред пет години. Член на тимот му ветил 25.000 фунти на фармер за да лаже за позитивниот тест на боксерот.
Нашите боксерски репрезентативци ги добија противниците во квалификациите за Летните Олимписки игри во Токио во Лондон. Прв на рингот ќе излезе Јасин Љама, кој за противник го доби Александрос Цаникидис од Грција.
Организаторите на квалификацискиот олимписки боксерски турнир во Лондон потврдија дека нема одложување на борбите поради ситуацијата со коронавирусот. Квалификациските борби ќе се одржат според предвидениот план, од 14 до 24 март во Лондон. Македонската репрезентација предводена од селекторот Хесус Сојет од Куба од вчера е во престолнината на Англија, каде се аклиматизира пред првите борби за три дена.
Македонските боксери Јасин Љама и Гоце Јанески утрово отпатуваа за Лондон на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио ова лето. Заедно со селекторот Хезус Солет Томасен, нашите најдобри боксери со оптимизам заминаа по олимписка виза.
Македонска репрезентација во бокс состав, Хесус Сојет (селектор) и репрезентативците, Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми од вчера се наоѓаат во Белград, каде ќе се подготвуваат за настап на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон.
Синоќа се одржа изборно собрание на Боксерската федерација на Македонија, на кое досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата во следните четири години.
Дионтеј Вајлдер пред два дена го претрпе својот прв пораз во професионалната боксерска кариера, откако во спектаклот во Лас Вегас загуби од големиот ривал Тајсон Фјури и остана без шампионскиот појас од ВБЦ катагоријата.