Поранешниот светски првак во бокс во тешка категорија Тајсон Фјури изјави се враќа во рингот двапати во централниот дел на годината, откако закажа нова борба за 28 септември. Британецот, најнапред на 15 јуни во Невада, ќе ги вкрсти ракавиците со Том Шварц, а без разлика на исходот, неколку месеци подоцна ќе излезе во рингот за борба која треба да биде најава за нов дуел со Вајлдер или Џошуа.