ВИДЕО: Золани Тете постави нов рекорд - го нокаутира противникот за 11 секунди!

На Јужноафриканскиот боксер Золани Тете му беа потрбани само 11 секунди за да ја одбрани ВБО титулата во бантам категорија, откако во Белфаст го нокаутира предизвикувачот Синонси Гонјум.

Буквално со првиот удар, Тете го прати својот противник на подот, а на судијата не му преостануваше ништо друго освен по само 11 секунди да го прекине мечот. За боксерот од Јужна Африка синоќешната победа беше негова 26-та во кариерата, а само трипати е поразен. 

Погледнете го најбрзиот нокаут во историјата:

Претходниот рекорд го држеше Даниел Хименез, кој својот противник во 1994 година го нокаутира по само 17 секунди.