Злато за браќата Рустемовски, Македонија се враќа со пет медали од „Златна ракавица“

Ардијан и Ален Рустемовски се закитија со златни медали на Меѓународен турнир „Златна ракавица” во Ниш. Претходно златен медал освои Наум Стојаноски, а Ебуталип Агушев и Ружди Рустемовски загубија во финалните борби и се враќаат со сребро,.

Во финалето во лесна категорија (до 60 килограми) нашиот Ален Рустемовски го победи Дима Тонијев од Бугарија. 

Трофеиите на „Златна ракавица“ им припаднаа на Назиф Сејди и Снежана Шиљковиќ од Србија, додека најдобар странски боксер е Русинот Давид Суров. Игор Рогиќ е надобар техничар, а нашиот Наум Стојаноски е прогласен за најдобар техничар кај младинците.

„Златна ракавица 2024“

Младинци
54 кг.

Ебуталип Агушев – Северџан Гаши (Србија) 2-1 полуфинале
Финале:
Ебуталип Агушев – Никола Максимовиќ (Србија) 0-5

60 кг.
Финале

Ардијан Рустемовски – Петар Шчепановиќ (Србија) 5-0 ТКО Р2

Сениори
60 кг.
Финале

Ален Рустемовски – Димо Тонијев (Бугарија) 5-0 ТКО Р3

63,5 кг.
Ружди Рустемовски – Стефан Филиповиќ (Србија) 3-0 полуфинале
Финале:
Ружди Рустемовски – Назиф Сејди (Србија) 1-4

На турнирот во Ниш учествуваа 111 боксери и боксери од 16 земји, во три возрасни конкуренции: сениори (19 до 40 години), млади (17-18) и јуниори (15-16).