Златков: Новите мерки ќе го однесат боксот на местото кое што го заслужува

Игор Златков

Според новите мерки за развој на спортот во Македонија, боксот е еден од спортовите кој би требало да се издигне на место кое секако дека го заслужува. Претседателот на боксерската федерација на Македонија, Игор Златков е задоволен од најавите на Владата за мерките, кои ќе значат подобар спорт во земјата.

„Досега не се памети мерка која ќе помогне на спортот, посебно на боксот, како оваа која што е најавена. Со помош на проектот ќе го вратиме боксот на местото кое што го заслужува и ќе ја прекинеме стагнацијата од последните неколку години. Во план е нова боксерска лига, која ќе започне со работа од наредниот септември“ , изјави Златков.

Според првичните најави повеќе од 700.000 евра ќе бидат вложени за развој на боксот. Ќе бидат формирани Прва и Втора боксерска лига со по осум клубови, кои преку квалификациски турнир ќе се обидат да стигнат меѓу најдобрите.