„Железниот Мајк“ не се предава, се враќа пак во рингот

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, повторно ќе влезе во рингот и ќе боксува.

„Железниот Мајк“ пред крајот на ноември имаше егзибициски меч со Џонс кој на крајот заврши нерешено, но Тајсон нема намера да сопре и најави дека ќе следи нова борба.

„Пред крајот на мај повторно ќе се борам. На 29 или 31 мај, во истиот ринг во кој се борев последниот пат“, изјави Тајсон.

Засега не е познато кој ќе биде противникот на Тајсон, но на големо се шпекулира дека тоа е Ивандер Холифилд.