Заврши карантинот за боксерите, Љама и Јанески негативни на ковид-19

По три недели на искушенија, чекање на лет и задолжителен карантин, конечно позитивни вест за македонските боксери кои ја претставуваа нашата земја на прекинатиот турнир од квалификациите на боксерскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио.

Македонските сениорски репрезентативци во бокс, Гоце Јанески и Јасин Љама се негативни на ковид-19, откако денес им беа направени тестови по речиси 14-дневниот карантин по враќањето од Лондон.

Љама и Јанески ќе го напуштат карантинот најдоцна до понеделник, а потоа ќе одат во самоизолација во своите домови.

Јанески и Љама настапија на квалификацискиот турнир во Лондон за настап на Олимписките игри во Токио, но турнирот беше откажан по само два дена. Македонските репрезентативци благодарение на ангажманот на Боксерската федерација, Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија безбедно се вратија дома и беа во карантин во Скопје.