• Иван Димовски

Светот на боксот во септември идната година ќе биде надополнет со егзибициски спектакл, на кој силите ќе ги одмерат Еди Хал и Хафтхор Бјорнсон, односно најсилните луѓе на планетата за 2017 и 2018 година.
Бјорнсон кој ја користи својата големина во различни сфери, се прослави бидејќи го глумеше ликот „Планината“ во популарната серија „Игра за престолот“, а неодамна постави и светски рекорд во мртви кревања. Тој подигна 501 килограм, со што го мина токму Хал кој претходно имаше кренато килограм помалку.
<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: СВЕТСКИ РЕКОРД – Исландскиот „Хулк“ крена 501 килограм!
„Најтешкиот боксерски меч“, како што е името на спектаклот ќе биде вистинско шоу за публиката во Лас Вегас, а причината што е закажан во 2021 година е пандемијата на коронавирусот.
- Најавата за бокс-спектаклот: