• Сашо Поповски

Спектакуларен момент од последниот тренинг на Мајк Тајсон ги освои срцата на боксерските фанови. Легендарниот светски првак се подготвува да се врати во рингот на 54-годишна возраст.
Поранешниот шампион во тешка категорија е во одлична форма и покажува дека е подготвен за предизвикот. На последното видео се гледа како изгледа неговиот удар на забавена снимка.
Навистина застрашувачки ако се земе предвид долгата пауза од боксот и годините на „челичниот Мајк“.
Противник на Тајсон ќе биде уште еден голем шампион, Рој Џонс јуниор, кој ќе го предизвика во егзибиција од осум рунди оваа есен.