За два дена продадени 50.000 билети за спектаклот Џошуа - Кличко

За само два дена продадени се повеќе од 50.000 билети за бокс спектаклот помеѓу Џошуа и Кличко.

ИБФ шампионoт Џошуа на „Вембли“ ќе биде предизвикан од Украинцот, Кличко на 29 април, а во игра ќе биде и ИБО појасот. Цените на билетите се движеше од 40 до 2.000 фунти, а скоро сите се продадени на интернет.

Следниот круг на продажба на билетите е во јануари, кога ќе бидат продадени уште 20.000 билети. За овој настан воопшто нема да се пуштат билети во официјална продажба на билетарниците ширум Велика Британија.

Се предвидува дека борбата Џошуа - Кличко ќе биде најскапа и најгледана бокс борба за следната година.