Вртоглави цени за судирот Мејведер - МекГрегор: 150.000 долари за место покрај рингот

МекГрегор и Мејведер

Борбата помеѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор веќе се предвидува како рекордна по бројот на приходи, заработка на борците и медиумска покриеност во САД и ширум светот.

Капацитетот на „T-Mobile“ арената во Лас Вегас е 20.000 седишта, а веќе се шпекулира дека местата покрај рингот ќе чинат 150.000 долари. Претходниот рекорд го држи судирот од пред две години меѓу Мејведер и Пакјао, кога столчињата покрај рингот достигнаа цена од 130.000 долари.

Заработката од борбата закажана на 26 август би требало да ја надмине границата од 1 милијарда долари.