• Сашо Поповски

Вечерва ќе се одржи третата борба меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер. Тешкашите одново ќе ги вкрстат ракавиците во Лас Вегас, а победникот дома ќе си замине со ВБЦ шампионскиот појас.
На мерењето и двата боксери запишаа највисока тежина во своите кариери. Американецот се надева дека ќе се одмазди за тешкиот пораз пред една и пол година, кога беше нокаутиран и го доживеа пораз првпат во својата кариера.
Британскиот шампион е две години помлад од големиот ривал. Досега има 30 победи и една неодлучена борба, што го прави фаворит за победа на вечерашниот спектакл.
Борбата се очекува да започне во околу 05:30 изутрина по македонско време.