ВИДЕО: Ворд го победи Ковалев во скандалозна борба

Американецит Андре Ворд успеа да ја одбрани титулата во полутешка категорија, откако го совлада Русинот Сергеј Ковалев. Главниот судија ја прекина борбата во осмата рунда, но на повторените снимки јасно се гледа дека Ворд до победата стигна со неспортски удари под појасот на противникот.

Русинот по одлуката за прекин на борбата беше незадоволен и бараше истата да продолжи, а тоа предизвика бурни реакции и негодувања од гледачите во „Bandalay Bay“. Битката во првите шест рунди беше целосно израмнета, а во седмата Американецот ја презеде иницијативата и  со неколку прецизни удари го раздрма Русинот,

„Се заблагодарувам на сите мои навивачи кои дојдоа да ме поддржат. Сите видовте што се случуваше, Андре неколку пати ме удри под појасот, а јас немам метални м....а за да можам тоа да го издржам“, изјави незадоволно Сергеј Ковалев.

Со победата против Ковалев, Андре Ворд ја продолжи серијата на 32 меча без пораз, додека Русинот има само два порази и двата од Ворд.