• Зоран Мишевски
Синоќа во малата сала на Центарот за култура во Битола, се одржа трибина под името „Сеќавања за боксот со Димче Миновски”, на која зборуваа личности кои оставиле траги во боксот во изминатите децении.
Во сеќавањата се споменаа и златните имиња на боксерите Роми, кои не се меѓу живите. доајени во македонскиот бокс, тренери и судии зборуваа за личните успеси на поединци, споделија и анегдоти. На настанот се доделија признанија на заслужни Роми во боксот од општина Битола. Некои од признанијата се доделија постхумно.
Емотивна средба во која се заклучи дека ако не беа Ромите, Битола никогаш немаше да има такви големи успеси на светски, европски и национално натпревари и во поранешна Југославија и во денешната татковина.
Признанија добија:
Сејдо Амедовски
Сакип Рустемов (починат)
Ружди Рустемов (починат)
Шериф Рустемов
Седат Керимов (починат)
Џеват Иса
Аднан Мефакир
Јетон Укаловски
Неврус Реџеповски (починат)
Ашим Керимов (починат)
Демиров Неат Лалич (починат)
Садик Садиков (починат)
Беби Сулејманов
Дуле Јусуфов
Мамер Коминов
Ален Рутемов
Рамон Казимов
Оран Јашаровски
Легендата на спортското новинарство, Димче Миновски, кој ја водеше трибината, во моментот работи на финиширање на ракопис на негова книга посветена на битолскиот бокс, за која се бара финансиска поддршка да може да се издаде. Таа ќе остане историја за градот и за боксот.
Настанот се реализира во склоп на спортските активности во рамките на проектот Баир- „Здружена акција на Битола за вклучување на ромите“, финансиран од Европската делегација, имплементиран од COSV – Coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација