Влезниците за „борбата на векот“ веќе чинат огромно богатство

Љубителите на боречките вештини конечно ќе гледаат борба помеѓу некогашниот светски шампион во бокс, Флојд Мејведер и УФЦ првакот, Конор МекГрегор. 

На 26 август во Лас Вегас е договорена „борбата на векот“, а за да бидеш дел од истата ќе треба дебело да платиш. Всушност, од денес веќе може да се купи билет за овој спектакл, а цените се движат од 2.043 (најефтината) до неверојатни 13.499 фунти. 

Се разбира ова се официјалните цени на билетите, а како што се приближува борбата се очекува истите драстично да се зголемат. Американските медиуми дури пишуваат дека пред самата борба еден билет на црно може да достигне вртоглави 100.000 фунти.