Владимир Кличко се враќа во рингот да го урне рекордот на Фореман

Светот на боксот доби нова голема изненадувачка вест. По победата и заминувањето во пензија на Тајсон Фјури, сега уште еден култен боксер е во центарот на вниманието.  Владимир Кличко најавува враќање во рингот за да го собори рекордот на Џорџ Фореман како највозрасен активен боксер што се борел за титулата.

Фореман на возраст од 45 години, 9 месеци и 25 дена го победи Мајкл Мурер и стана светски првак во ИБФ и ВБФ верзиите. Кличко официјално се прости од боксот во 2017 година со биланс 64 победи на 69 меча. Ентони Џошуа и од Тајсон Фјури го победија на крајот од кариерата. 

46-годишниот Украинец е поранешен светски првак во тешка категорија и си постави тежок, но остварлив предизавик.