• Зоран Мишевски
Некогашниот светски шампион во бокс, Владимир Кличко според германските медиуми е најсериозен кандидат да биде избран за претседател на Меѓународната боксерска аматерска асоцијација (АИБА).
Членовите на Извршниот комитет на АИБА на состанокот што се одржал во Дубаи ја добиле кандидатурата на Кличко на писмено, што е првиот чекор кон изборот. Поранешниот претседател Чинг-Куо Ву беше обвинет за финансиски малверзации и доби суспензија на неодредено време.
Во јануари 2018 година на вонреден конгрес Ву ќе биде сменет, па се очекува Кличко да биде номиниран за претседател на АИБА. 41-годишниот Украинец ја заврши успешната кариера во август годинава, откако загуби од британскиот боксер Ентони Џошуа.