• Зоран Мишевски

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко најви дека размислува да се врати во рингот за меч од професионалниот ринг.
„Луѓето ме прашуваат дали ќе се вратам на рингот. Ако се вратам, нема тоа да го сторам за да ми ја скршат вилицата, туку да победам и да срушам рекорди. Зафатен сум со мојот живот, но не исклучувам ништо и не знам што следно ќе се случи“, вели Кличко.
43-годишниот Владимир Кличко во кариерата собра 69 борби во професионалниот бокс, забележа 64 победи и пет порази. Во последните две борби Кличко загуби од Британците Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.