ВИДЕО: Вајлдер го нокаутира Шпилка и го прозва Фјури

Вајлдер во рингот во Њујорк

Американецот Деонтеј Вајлдер ноќва го нокаутираше Артур Шпилка од Полска во деветтата рунда и ја одбрани ВБЦ титулата. Оваа борба во „Медисон Сквер Гарден“ беше 35. победа со нокаут во кариератa на Вајлдер, кој и натаму не излегол од рингот со наведната глава. 

Вајлдер јавно побара меч со актуелниот светскиот шампион Тајсон Фјури, кому појасот му беше одземен минатиот месец и покрај победата против Кличко. 

„Фјури е глумец, тој не е вистински боксер. Ова не е борење. Ветувам дека кога ќе стапне во рингот со мене и ќе му покажам кој е кој“, рече Вајлдер.

На Американецот му требаат уште неколку победи и скалила за да стигне до меч со Фјури и да ја сонува титулата.