ВИДЕО: Спектакуларно враќање на Хеј – победа со нокаут во првата рунда

Дејвид Хеј во рингот

Дејвид Хеј со голема победа се врати во рингот по пауза од неполни четири години. Британецот го победи австралискиот боксер Марко Де Мори со нокаут во првата рунда. Со серија на удари Хеј го прати на подот неколку пати, пред судиите да решат мечот да заврши со победа со нокаут.

Ова е голем и очекуван кам-бек на легендарниот боксер, кој има импресивен скор во тешка категорија, а најавува дека во 2016 година ќе одржи уште една борба и наскоро ќе биде закана за сите останати боксери.