• Зоран Мишевски
Кубанецот Луис Ортиз го нокаутира Чарлс Мартин и стана прв предизвикувач за ИБФ титулата во тешка категорија. Иако двапати стануваше од нокдаун, ветеранот Ортиз покажа големина и победи на величенствен начин.
42-годишниот Ортиз веројатно сега ќе се сретне со Олександер Усик и Ентони Џошуа, кои повторно ќе се сретнат во рингот годинава. Кубанецот има импресивен скор во кариерата, но поразот пред две години од Вајлдер го оддалечи од борбата за шампионскиот појас.
Мартин го прати Ортиз на подот уште во првата и четвртата рунда. Но, ветеранот од Куба со силен удар со левата го декласира Мартин и запиша една од најголемите победи во својата професионална кариера.