„Вембли“ на нозе: Фјури запеа во еден глас со целиот стадион! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури го одбрани трофејот светски првак во тешка категорија, откако славеше во спектаклот против Дилијан Вајт. Британскиот боксер во шестата рунда со нокаут до победи противникот и покажа дека е најдобриот тешкаш на планетата. 

По крајот на дуелот, следеше огромно славје. На „Вембли“ трибините беа преполни, 94.000 фанови го бодреа Фјури кој им возврати со голема победа. По триумфот, Фјури го зеде микрофонот, им се заблагодари за поддршката и ги повика да запеат заедно.

Призорот е неверојатен, 94.000 грла запеаја со боксерот и го поздравија неговиот успех. 

  • Видео од славјето на Тајсон Фјури на „Вембли“:

Со песната „Американска пита“, Фјури вторпат во својата кариера слави со навивачите. Претходно истото се случи пред две години по победата против Деонтеј Вајлдер.