Вардар со пораз од Лозница ја отвори регионалната бокс лига

Регионалната бокс лига означи старт со натпреварот меѓу македонски Вардар и српска Лозница, а славеше гостинскиот тим со резултат 6-14.

На распоредот имаше вкупно десет борби, од кои во три успеа да слават боксерите во „црвено-црна“ опрема, а останатите им припаднаа на ривалите од Србија.

Регионалната бокс лига ја сочинуваат осум клуба од шест „екс-ју“ републики, а покрај Вардар и Лозница во групата А се уште Железничар (БиХ) и Подгорица (Црна Гора). Во групата Б се Витезови Загреб (Хрватска), Радник Бијелина (БиХ), Ц. Звезда (Србија) и Марибор (Словенија).