Вардар ги дозна противниците во групата од регионалната лига во бокс

Денес во Сараево денес беше официјализирана регионалната лига во бокс, со осум клуба од Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија. Нашата земја ќе ја претставува БК Вардар, кој по ждрепката се најде во група со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора)

Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.

Група А:
Вардар - Лозница
Железничар – Црногорски Соколи

Група Б:
Црвена Звезда - Марибор
Хрватски Витези – Радник