ВИДЕО: Ваков нокаут не е виден – Роки по удар во стомакот го предаде мечот со Алварез!

Канело Алварез од Мексико ја освои ВБА шампионската титула во бокс во средна категорија, откако по спектакуларна борба во „Медисон Сквер Гарден“ беше подобар од Британецот, Роки Филдин. 

По израмните две рунди, Мексиканецот тргна во офанзива и со неколку удари во серија за првпат го легна на подот противникот, кој успеа да стана и да ја продолжи борбата. Но, по само неколку секунди Роки беше нокаутиран, и тоа не по удар во главата, туку во стомакот. 

За Алварез ова е 51-ва победа во својата кариера (31-ва со нокаут), додека Роки го запиша вториот пораз од 27 борби.