• Сашо Поповски

Парите секогаш биле дел од јавната слика на најпознатиот боксер на денешницата, Флојд Мејведер. Откако изјави дека повеќе нема да се појави во рингот, 38-годишниот боксер се насочи кон пост-боксерскиот живот, кој несомнено ќе биде полн со пари, жени и скапи автомобили.
Последните слики од социјалните мрежи покажуваат како несовладаниот боксер се забавува во елитни дискотеки, во придружба на убави жени и нормално многу пари околу себе.
Исто така, Мејведер потроши цело богатство на новата играчка во вид на автомобил. Гаражата на Американецот е побогата за најновиот Бугати Вејрон 2015, кој чини три и пол милиони долари.