Вајт со провокации до Џошуа: „Го сакам тоа гом** во рингот“

Еден од најдобрите боксери на денешницата Дилијан Вајт запиша нова победа во својата кариера, откако синоќа во Лондон на брутален начин, со нокаут, го совлада големиот ривал Дерек Чисора. 

30-годишниот Британец, со потекло од Јамајка, како да не беше задоволен само од победата и со погрдни зборови започна да го провоцира шампионот Ентони Џошуа, кој беше присутен на трибините. 

„Јас сум воин и не се предавам. Го сакам тоа гомно во рингот“, беа зборовите на Вајт упатени кон Џошуа, на кои шампионот не остана имум и дотрча до рингот и му одговори: „Вајт заслужува борба за титулата, но за мене прва мета е Вајлдер. Ако нема борба со него, тогаш ќе ме имаш во рингот“. 

Вајт во својата кариера запиша 25 победи од 26 меча, а единствениот пораз му е токму од Џошуа пред три години.