• Зоран Мишевски
Еден од најдобрите боксери на денешницата, светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер за американските медиуми призна дека имал период кога бил „на дното“ и размислувал за самоубиство. Кога на неговата ќерка ѝ била дијагностицирана „спина бифида“, боксерот минувал низ тешки моменти.
„Мојата ќерка имаше „спина бифида“. Во тој момент јас бев младо момче и се обидував да се пронајдам во тој свет. Имав големи цели и соништа, но животот ме прати на дното. Пиштолот беше до мене и во еден момент размислував за самоубиство. Во тој момент размислувате само за себе и за својата болка. За среќа, го издржав овој период“, рече Вајлдер.
„Спина бифида“ е состојба во која ’рбетот на бебето и ’рбетниот мозок не се развиваат правилно додека фетусот е во утробата. Тоа може да предизвика компликации, како трауматично породување, полнење на мозокот со течност, парализа на нозете, ризик од менингитис.