• Горан Упале
По пет години доминација, конечно падна Деонтеј Вајлдер се најде на подот од боксерскиот ринг и шампионската титула во ВБЦ категоријата им ја препушти на фантастичниот Тајсон Фјури.
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Вајлдер го „фрли“ пешкирот, „Кралот“ Фјури се врати на боксерскиот трон
<<< ПОВРЗАНО - „Ме видоа дебел и мислеа не можам да се борам, Вајлдер го виде вистинскиот Фјури“
Американецот во седмата рунда го „предаде“ мечот, откако неговиот тим донесе одлука да го фрли пешкирот во рингот, што значеше победа на Фјури со технички нокаут. Вајлдер бурно реагираше по оваа одлука на својот тим, но очигледно не бил во право, затоа што поради повредите замина директно на болница и не учествуваше на прес-конференцијата.
„Не знам зошто беше фрлен пешкирот, бев подготвен да се борам до крај. Но, немам што да замерам. Подобриот борец победи. Не се чувствував најдобро пред борбата, имав проблеми, но тоа сега нема врска. Фјури ја искористи шансата и победи“, изјави Вајлдер веднаш по борбата.
<<< ПОВРЗАНО - Фјури и Вајлдер го срушија рекордот на Тајсон и Холифилд од 1997 година
Со овој пораз Вајлдер не успеа по 11-пат да ја одбрани тутулата, а со тоа и да го надмине легендарниот Мохамед Али.