Вајлдер закажа три борби, со Џошуа во рингот дури во 2021 година?

Бокс мечот на векот, како што го најавуваат можниот судир меѓу Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа, нема да се случи пред 2021 година. ВБЦ шампионот Вајлдер на 18 мај против Доминик Бризил ќе ја брани титулата во тешка категорија.

Ако 33-годишниот Американец победи, би се сретнал со Луис Ортиз и Адам Ковнацки, па ако ги совлада и двајцата на почетокот на 2021 година може да дојде до борба со Ентони Џошуа.

„Единствената следна борба која ја сакаме е борбата со Дионтеј. Но, неговиот тим веќе закажа три борби и сигурно нема да дојде до дуел во рингот со Џошуа ниту во 2020 година“, истакна промотерот на Џошуа, Хорн. 

Британецот на 1 јуни во Њујорк ќе ги брани ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите против поранешениот предизвикувач за титулата Енди Руиз Јуниор.