• Горан Упале
Дионтеј Вајлдер пред два дена го претрпе својот прв пораз во професионалната боксерска кариера, откако во спектаклот во Лас Вегас загуби од големиот ривал Тајсон Фјури и остана без шампионскиот појас од ВБЦ катагоријата.
<<< -ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Вајлдер го „фрли“ пешкирот, „Кралот“ Фјури се врати на боксерскиот трон
Американскиот боксер поради примените удари веднаш беше пренесен на болница и не присуствуваше на официјалната прес-конференција, па дури по два дена ја даде првата изјава поврзана со поразот од Фјури. Тој за најголем винивник за поразот ја посочува униформата која ја носеше пред борбата, која според него му создаде многу проблеми подоцна во рингот.
<<< ПОВРЗАНО - Вајлдер заврши во болница: Не знам зошто мојот тим го предаде мечот
„Не ме повреди таа, но факт е дека униформата беше многу тешка. Не ги чувствував нозете на почетокот од борбата. Во третата рунда моите нозе попуштија. Но, јас сум воин, моите пријатели го знаат тоа. Дадов сè од себе, но униформата ми направи многу проблеми. За првпат ја облеков само еден ден пред борбата и не очекувам дека ќе биде толку тешка“, вели Вајлдер.
Според најавите униформата заедно со батеријата и шлемот тежеле повеќе од 20 килограми, а Вајлдер со неа се претстави пред навивачите во Лос Вегас.