Вајлдер: Сакав спектакл и нокаут, наместо да бидам потрпелив и потактичен

Тајсон Фјури двапати се најде на подот, сите помислија дека мечот во „Стејплс центар“ е решен, но Фјури се подигна, покажа карактер и дојде до нерешен исход во мечот кој долго ќе се прераскажува.

Американецот по борбата потврди дека бил еуфоричен, наместо да биде потактичен.

„Форсирав удари, некогаш непотребно, требаше да бидам потрпелив и да чекам шанса. Но, сакав победа со нокаут за навивачите да го видат тоа за што дошле во арената. Ние двајца сме најдобри на светот и се почитуваме меѓу себе. Сакам реванш и тоа што поскоро и  не ми е важно каде ќе се одржи борбата“, рече Американецот.

Вајдер е непоразен, важи за единствен кој може да го симне од тронот Џошуа, но претходно ќе мора да поведе сметка на Фјури и неговиот глад, кој и тоа како е видлив во рингот.