Вајлдер: Сакам со крв да си ја вратам титулата

Некогашниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер ја врати мотивацијата и сподели видео на социјалните мрежи од неговиот тренинг. Вајлдер беше нокаутиран од Тајсон Фјури во Лас Вегас и ја загуби титулата.

Претходно Вајлдер немаше пораз дванаесет години и постави рекорд со 42-1-1, од кои 41 победи со нокаут.

Фјури во моментов преговара со Ентони Џошуа, а Вајлдер ќе мора да им се врати на победите за да има реванш.

„Нема повеќе зборување. Сакам да си ја врати титулата со крв“ ,напиша Вајлдер на социјалните мрежи.

Ваков спектакл може да донесе големи работи во светот на боксот, но првата опција е да се најде финансиска конструкција за одржување на борбата.