ВИДЕО: Вајлдер покажа големо срце и го доби спектаклот против Ортиз за да ја задржи ВБЦ титулата

Вајлдер

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Деонтеј Вајлдер, беше критикуван дека не се соочува со сериозни противници, па затоа зад своето име го има перфектниот рекорд без пораз. Но, сето тоа се промени синоќа, кога го победи Кубанецот, Луис Ортиз, и тоа со технички нокаут во десеттата рунда, за да стигне до скор од 40-0.

Боксерот од Алабама преживеа тешки моменти во осмата рунда, но се врати и му го нанесе првиот пораз на Ортиз по 29 борби. 

Во последната рунда од борбата се влезе со резултат од 85-84 во корист на Американецот, кој претходно во петтата рунда првпат го нокаутираше својот противник. Еднаш и тој ја почувствува силата на кубанскиот боксер, па по неколку силни удари за малку не заврши на подот во седмата рунда.

Вториот нокаут во десеттата рунда го натера судијата Дејвид Филдс да ја прекине борбата на 55 секунди до крајот.